
Турците демантираат дека го смениле селекторот Кунц
Кунц е под силен притисок за смена, после неубедливиот настап со Ерменија во евроквалификациите, иако Турција моментно е втора во групата со исто бодовно салдо како и лидерот Хрватска, а патем има сигурен бараж како првопласирана во Ц-дивизијата во Лигата на нации.
Тој е селектор од 2021 година и на 20 мечеви има 12 победи, но италијански новинари веќе објавија дека ТФФ преговара за Винченцо Монтела за нов селектор, екс-тренерот на Адана Демирспор.
„Турската федерација сака да ја информира јавноста дека сите информации што се појавија по печатените, онлајн и телевизиските медиуми се неточни. Штефан Кунц сѐ уште е селектор, а тој официјално е повикан на разговор во тренинг-центарот на 20 септември со претседателот Мехмет Бујукекси“, објави ТФФ.
Нема да биде изненадување ако Кунц за два дена добие отказ.