Светот во карантин, а Босанци играат фудбал против – сиријски мигранти (ВИДЕО)

Во ек на пандемијата со коронавирус, никаква фудбалска активност нема во регионов, сите првенства се откажани, како и сите останати спортски настани, ама на границата помеѓу Хрватска и БиХ, сепак еден фудбалски меч му пркоси на Ковид-19.

Во БиХ бројот на заразени е 614, од нив 18 лица починаа, а 27 се излечија од новиот вирус, но не секаде строгите и рестриктивни мерки важат, па во Велика Кладуша се одигра меч на локалниот клуб против – мигрантите од Сирија. Играа меч на помошниот терен на фудбалскиот клуб Краишник, а интересно полицијата и покрај сите забрани за јавни собири не ни реагирала.

Останува само да се види дали откако се појави снимката и стана вистински хит, ќе реагираат властите, па сите од мечот ќе бидат ставени во строга изолација.