Скандалозно скандирање на навивачите на Хајдук: За дом спремни. Ајмо, усташе!

Група навивачи на Хајдук во неделата организираа т.н. кортео кон стадионот, но настанот го обележа инцидент кој предизвика силни реакции.

Снимка која стигна до редакцијата на „24 сата“ прикажува како еден од нив со мегафон вика „За дом“, а околу стотина лица, облечени во црно, возвраќаат „Спремни!“, по што продолжуваат со песна „Ајмо, ајмо, ајмо усташе, усташе...“.

Според потврда од сплитската полиција, снимката е автентична и е започнато кривично истражување за целиот случај. Инцидентот се случил во неделата попладне, непосредно пред натпреварот помеѓу Хајдук и Славен Белупо (0-0) на „Пољуд“. Настанот дополнително ја потенцира тежината, бидејќи се случи ден пред 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, нацистичкиот логор на смртта во кој за време на Втората светска војна загинаа повеќе од еден милион Евреи.

Видеото од ова срамно скандирање може да го погледнете ТУКА.