
Шукер: Хрватите се генетски надмоќна нација – затоа имаме фудбалски успех!
На прашањето како земја со помалку од четири милиони жители бележи врвни резултати на светскиот фудбалски врв, Шукер по малку изненади со својот став,
„Хрватите се генетски надмоќна нација. Во училиштата играме фудбал, ракомет, кошарка... Не сме толку богати, но тоа што им недостига на САД е да ги заинтересираат децата за спорт“, потенцира поранешниот легендарен напаѓач.
Тој посочи дека Америка има огромен фудбалски потенцијал, особено со латино популацијата, но дека вложувањата во овој спорт се далеку зад оние во НФЛ, НБА и други професионални лиги.
„Она што го правите со женскиот фудбал, почнете да го правите и со машкиот. Колку што вложувате во другите спортови, вложете и во фудбалот“, порача тој.
Во разговорот, Шукер се наврати и на својата фудбалска кариера. Откри дека во младоста негов фудбалски идол бил Карл-Хајнц Румениге, а како најголем впечаток го истакна периодот кога соиграч му бил Диего Армандо Марадона во Севиља.
„Замисли, го гледаш на телевизија, сонуваш да играш фудбал и потоа во Севиља го гледаш Диего во соблекувална. Невероватно. Го следев 24 часа, како тренира, пее, контролира топка“, рече Шукер.
Како фудбалери кои оставиле впечаток во неговата кариера ги спомена Мијатовиќ, Раул, Тјери Анри, Роберто Карлос, Бобан, Просинечки и Денис Бергкамп.
„Не можам да издвојам еден. Играв со многу големи имиња“, изјави тој.
На крај, се осврна и на својата англиска авантура во Арсенал под водство на Арсен Венгер.
„Тоа е најсилната лига на светот. По шест години во Шпанија, дојдов во Англија и уживав. Играв со Бергкамп, Овермарс, Анри, Адамс… сите беа врвни играчи“, заврши хрватската легенда.