Седми гол на Бабунски во Бугарија: Мајсторски волеј, но недоволен за бод во Пловдив (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски денеска го постигна својот седми гол во оваа сезона во најсилната лига во Бугарија, но извонредниот волеј по центаршутот беше недоволен за Ботев Враца да извади барем бод на гостувањето во Пловдив кај многу попознатиот Ботев.

Бабунски денеска не почна како стартер, па влезе во второто полувреме и брзо имаше една голема шанса која не успеаа да ја реализира, но потоа се поправи на 12 минути пред крајот кога погоди со волеј како врвен голгетер за да ја врати Ботев Враца во мечот, а на крајот даде уште еден гол кој во судиското надополнување му беше поништен поради офсајд, па не успеа да го спаси својот тим од пораз.

Репрезентативецот со овој седм гол се израмни со кипарскиот репрезентативец Пиерос Сотириу од првакот Лудогорец и моментно се на третото место на листата на најдобри стрелци. Георги Минчев со девет гола за Локо Пловдив моментно е прв стрелец, а Еквадорецот Жорди Каиседо од ЦСКА Софија со осум гола е втор стрелец.

Тимот на македонскиот центарфор го загуби за неполн час, откако Емануел Току даде страшен гол за да ја дуплира предноста, откако пловдивски Ботев по 12 минути игра поведе преку Маркињос.

Одличната гол-форма на Бабунски е уште една потврда зошто најголемите бугарски клубови сакаат да го ангажираат, ама интерес има и од други странски клубови. Ботев Враца бара 100.000 евра за трансфер на македонскиот репрезентативец зимава.

Ботев со победата сега се израмни бодовно со ЦСКА, по 29, но софиските „црвено-бели“ имаат дури четири меча помалку. Лидер е Лудогорец со 36 бода и меч повеќе од ЦСКА. Ботев Враца, пак, со осмиот пораз остана на 13 бода и е трета одзади на табелата.