Сè уште не се нашол херој да го сопре: Нов гол на Јаховиќ за Гецтепе (ВИДЕО)

Адис Јаховиќ повторно е во фокусот во Турција. Вечерва стигна до десетиот гол, постигнувајќи погодок за водство на Гецтепе против Аланијаспорт со 1-0 на полувремето од мечот во Суперлигата. 

Јаховиќ се изнадава голови во последно време, па засега во Турција сè уште нема херој што го запрел да даде гол. Јаховиќ игра во неверојатна форма, а секој погодок е порака повеќе за селекторот Игор Ангеловски, кој не му даде шанса на последните два меча и практично го „избрка“ од националниот тим.