Ристовски: Ми кажаа дека ќе потпишам нов договор, но Динамо не го исполни ветувањето

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски си замина од Динамо Загреб, откако не му беше понуден нов договор, иако се бореше за боите на клубот уште од 2021 година.

Ристовски во разговор со хрватските медиуми кажа колку му значи гигантот од Загреб, но и дека му бил ветен договор, меѓутоа тоа не било исполнето на крајот.

„Динамо ми е најмил клуб во кариерата. Оставив пет најдобри години во тимот, моето семејство уживаше во Загреб. Оваа разделба ми е навистина тешка. На почетокот на годината се враќавме од патување, а Велимир Зајец на аеродромот би кажа да не се грижам затоа што ќе потпишеме нов договор. Мислев дека сè е завршено, но набрзо почнаа да се менуваат работите. Почувствував каде води тоа и ми кажа дека без оглед на сè сака господски да се разделиме“, откри Ристовски.

Македонецот признава дека до последен момент се надевал дека клубот ќе се премисли и ќе му понуди нов договор, но не успеал да разговара со Звонимир Бобан за таа опција.

„Требаше да имаме состанок, но јас заминав во Македонија. Динамо е мој клуб и сакав да заминам како победник. Си заминав со чист образ, полно срце и гордост“, објасни македонскиот фудбалер.

Фото: Facebook/GNK Dinamo Zagreb