Расистички инцидент во Србија: Претепани двајца фудбалери од Сенегал

Фудбалерите на Напредак од Крушевац, Ибрахим Ндијае и Самуел Баха биле нападнати од неколку хулигани во пионерскиот парк во градот.  

Неколку момчиња прво вербално ги навредувале Сенегалците, а потоа и физички ги нападнали. При нападот користеле цврсти предмети па Ндијае бил тешко повреден, а Регис минал без повреди.

Овој инцидент ја згрози јавноста во Србија, особено луѓето во Крушевац со оглед на фактот дека Ндијае веќе пет години е дел од Напредак, додека Регис пристигнал во клубот изминатото лето.

Полицијата интензивно бара по напаѓачите.