Познат српски фудбалер се самоуби со пиштол!

Познатиот српски фудбалер и поранешен репрезентативец на Југославија, Миљан Мрдаковиќ извршил самоубиство во Белград, јавува „Курир“. 

Мрдаковиќ се самоубил со пиштол во изнајмен стан, каде живеел со својата девојка. Според сознанијата на српските медиуми, поранешниот фудбалер седнал на кревет со зборовите, „не можам веќе“. Неговата девојка веднаш побегнала од станот и повикала полиција. Кога полицајците дошле во станот, го нашле телото на Мрдаковиќ со прострелна рана во глава.

Кариерата ја почнал во родниот Ниш во екипата на Раднички, а потоа преминал во редовите на Партизан. Играл за повеќе клубови меѓу кои и Андерлехт, Гент, Салцбург, Гимараеш, Макаби тел Авив, АЕК и други. За репрезентацијата на Југославија играше за младинските селекции, а за Србија настапи на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.