Повредата на Тричковски е минато – нормално тренира за АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски не беше дел од македонската селекција за завршната рунда на квалификации поради повреда во која црвено-жолтите стигнаа до третото место во овој циклус по победата над Израел со 1-0. Но, популарниот Тричко веќе е во тренажен процес и наскоро се очекува повторно да ги тресе мрежите за АЕК Ларнака.

Како што објавуваат кипарските медиуми, Тричковски веќе нормално тренира за АЕК, заедно со Јаниу, кој исто така беше повреден. Двоецот го одработиле најголемиот дел од тренингот, притоа имале и „тестови“ на кои не почувствувале некаква болка, што е добра вест за кипарскиот тим.

Најверојатно Тричковски ќе биде во конкуренција за настап во сабота за својот тим против Неа Саламис, што би било голем плус за тимот, особено поради десетте гола на девет меча досега на македонскиот репрезентативец. Тричковски се повреди два дена пред собирот за македонската репрезентација, кога се пожали на болка во листот на ногата.