Оршиќ преку инстаграм испрати порака до Адеми, напиша само - еден збор! (ФОТО)

Поранешниот соиграч на Адеми од Динамо Загреб кој сега е член на Саутемптон, преку својот инстаграм профил испрати порака до македонскиот репрезентативец по повод неговото збогување од хрватскиот тим.

Адеми денеска го игра последниот натпревар за Динамо Загреб, потоа се сели во Кина каде ќе заработува 1.650.000 евра по сезона.

Македонскиот репрезентативец доби статус на легендарен капитен на Динамо Загреб, стана и најтрофеен играч во историјата на клубот, па неговото збогување е посебен настан.

Меѓу оние кои се збогуваа со Адеми е и Мислав Оршиќ кој на инстаграм објави фотоградија со Аријан и напиша само еден збор: „Капитене“.