Неверојатен гест: Иако едвај оди, тренерот го стави во игра за да ја прослави титулата (ВИДЕО)

ПАОК синоќа и официјално ја прослава шампионската титула во грчкиот шампионат по пауза од 34 годиини. Тимот од Солун го декласираше Левадијакос со 5-0, а во судиското продолжение од натпреварот се случи прекрасен момент. 

Тренерот на „црно-белите“, Разван Луческо во игра го стави капитенот Виериња иако тој пред извесно време доживеа тешка повреда и ги скина лигаментите на коленото. Фудбалерот иако едвај се движи влезе на теренот со солзи и веднаш ја доби капитенската лента. Целиот стадион „Тумба“ го извикуваше неговото име. 

„Многу сум среќен поради моите соиграчи, нешто подобро не ни можев да посакам. За жал не можам да скокам да се радувам со нив. Чест ми е што навивачите го скандираа моето име и оваа титула му ја посветувам на моето семејство“, изјави Виериња.