Младинскиот репрезентативец Ристовски на нов заем во Словачка

Младинскиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски оди на нов заем до крајот на сезонава во Словачка, па сега ќе биде нов член на Трнава.

Фудбалерот на Риека кој имаше тешка повреда, се врати зимава во тимот, но на „Руевица“ процениле дека после повредата полесно ќе се прилагоди во Словачка, зашто лани таму остави силен белег и во континуитет даваше голови.

За напаѓачот ова е трет заем откако дојде во Риека како младинец. Тој е брат на македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски.