Матеј Цветаноски се сели во шесткратен босански шампион
Босанскиот клуб имаше ужасна сезона и поради тоа планира ремонт, а на листата со засилувања се наоѓа екс-вардарецот Цветаноски.
Цветаноски досега во кариерата играше за Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Вардар, Шкупи и Брера Струмица во Македонија, додека во странство го носеше дресот на Ѓирмот и Партизани.
Железничар минатата сезона ја заврши на шестата позиција во домашниот шампионат, па беше далеку од славните денови кога освои шест шампионски титули во БиХ.