Македонски интернационалец заразен од коронавирус

Поранешниот најдобар голгетер во македонската Прва лига, Изаир Емини е првиот македонски спортист кој е заразен од коронавирус, откако бил позитивен на Ковид-19 после тестирањето во Косово, објавија медиумите од соседството.

Емини, кој во сезоната 2014/15 беше најдобар стрелец во лигата како фудбалер на Ренова нема посериозни симптоми и моментно е во самоизолација. Тој паднал на тестирањето во својот актуелен клуб Дрита Гњилане, откако клубовите почнаа да се подготвуваат за продолжеток на фудбалската сезона, а тестирањето е прв чекор пред да се почнат тренинзите.

Тој бил тестиран во приватната клиника Аџибадем Систина во Скопје заедно со уште деветмина фудбалери од неговиот тим. Пред Емини, само тренерот на борачите на Вардар, Љубиша Пешко беше спортски работник кој закажи коронавирус.

Центарфорот е поранешен фудбалер на Ренова и Шкендија, а играше уште и за албански Кукс.