Косовски коментатор направи скандал: Го нарече премиерот „животно“, па експресно доби казна (ВИДЕО)

Вчерашното дерби помеѓу Јувентус и Интер привлече внимание во регионот и поради ситуацијата во Косово каде што коментаторот Андин Локај направи скандал пред почетокот на средбата.

Како што пренесуваат медиумите Локај во преносот во живо го навреди премиерот на Косово, Албин Курти нарекувајќи го „животно“.

„Се надевам дека нашиот премиер не гледа вечерва. Тој хајван (животно) е најлошиот премиер во историјата на човештвото“, гласеше коментарот на Локај во преносот.

Поради ваквиот испад телевизиската куќа за која работеше експесно реагираше и го замени на полувремето. Исто така против него е отворена дисциплинска постапка и медиумската куќа преку соопштение се извини и се огради од неговиот потег.