„Кога бевме деца сите сакавме да сме како Златко Крањчар“

Легендарниот Златко Цицо Крањчар денеска почина на 65-годишна возраст по кратка и тешка болест, а ќе остане запаметен по големата кариера како фудбалер и тренер.

Голем број познати спортски имиња се збогуваат со Крањчар, а еден од нив е и Роберт Просинечки.

„Мене секогаш ми беше посебен. Сите како деца сакавме да бидеме како Цицо, а нашето долгогодишно пријателство е нешто на што сум посебно горд. Цицо беше страшен фудаблер, талентиран тренер, некој кој испиша историја со Динамо Загреб“, вели Просинечки.