Китановски со асистенција го шокира Хајдук, Славен првпат во историјата го освои „Пољуд“

Македонскиот интернационалец Томе Китановски беше еден од клучните фудбалери на хрватски Славен Белупо, кој денеска запиша историски момент откако успеа првпат во историјата да го освои сплитскиот фудбалски храм „Пољуд“ со триумфот со 1-0.

Китановски од десната страна му асистираше на Матеас Делиќ, кој ја закова топката во мрежата и ја шокираше „Торцида“, па Хајдук две минути по примениот гол остана без напаѓачот Франк Оханџа и со тоа им ја олесни работата на гостите од Копривница за да ги освојат бодовите.

Победата на Славен во Сплит е вистинска сензација, затоа што Хајдук пред само една недела го доби дербито со Динамо во Загреб и најави малку поинтересна пролет во хрватскиот шампионат. Но, сплиќани не успеаа да издржат и веднаш направија кикс, по кој „модрите“ сега се најрадосни. Цел меч за Славен денеска одигра и вториот Македонец во тимот, Мирко Ивановски, поранешниот репрезентативец на Македонија.

Голот на Славен по асистенцијата на Китановски (број 17) може да го погледнете на 2:10 минути од хајлајтсот.