Калиниќ по отказот од Хајдук: Јас сум жртвено јагне, Гатузо ќе си замине!

Никола Калиниќ одржа прес-конференција на која објасни зошто повеќе не е директор на Хајдук, а зборуваше и за иднината на тренерот Џенаро Гатузо во хрватскиот гигант.

Калиниќ остана на функцијата само четири месеци по завршување на фудбалската кариера, а притоа откри дека Гатузо воопшто не комуницира со претседателот на Хајдук.

„Тренерот веќе подолго време не зборува со претседателот затоа што му вети четири засилувања, но не го исполни тоа. Јас сум само жртвено јагне, додека глувците се сокрија во дупките. Знам дека Гатузо не е задоволен и ќе си замине“, кажа Калиниќ.

Хајдук по пет одиграни кола се наоѓа на третата позиција со 11 бодови, односно два помалку од Динамо Загре.