Како некогаш Ибра: Хрватски тинејџер блесна со спектакуларен гол во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фдбалерите на Хамбургер славеа победа од 3-2 над Вердер во Бундеслигата во натпревар кој го обележа 18-годишниот хрватски талент Лука Вушковиќ.

Тинејџерот веќе се поврзува со трансфер во поголем клуб, а денеска само го потврди својот квалитет. По едно нафрлување од Фабио Виера, Вушковиќ во стилот на Ибрахимовиќ ја зафати топката со пета и го матираше противничкиот чувар на мрежата.