Јакимовски не му дозволи шампионско славје на ПАОК (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Никола Јакимовски го сопре солунски ПАОК да прослави шампионска титула вечерва, откако со неговиот гол АЕЛ Лариса обезбеди реми во мечот кој им беше и тоа како потребен во трката за опстанокот.

Јакимовски погоди во 64-та минута, девет минути откако ПАОК поведе на мечот и ги изненади солунските црно-бели, кои очекуваа сигурна победа. ПАОК останува лидер со 74 бода, осум повеќе од Олимпијакос , но со меч повеќе од пирејските црвено-бели и нивни најголеми ривали.

Солунскиот гигант останува главен фаворит за шампионската титула и се многу близу до круната, која ја чекаат повеќе од три децении.