Јаховиќ: Требаше подолго да паузирам, ама за среќа имаме добри лекари!

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ по три недели пауза откако доби сериозна повред ана јаболчницата, па мораше да биде опериран се врати предвреме на терените и вчера со гол ја најави победата на Анталијаспор, многу важна во битката за опстанокот, а бившиот репрезентативец се зацврсти на третото место на листата на стрелци сезонава со 13 гола.

Јаховиќ требаше да паузира најмалку еден месец, но очигледно желбата, а и притисокот Анталија да влезе во серија за да се спаси, придонесоа побрзо да се врати. Како „Бетмен“ со заштитна маска, Јаховиќ немаше проблем да даде гол.

„Поради ударот не можев претходно да играм, а и таа пауза требаше да биде подолга, но благодарение на лекарите и за среќа побрзо се вратив на теренот. Се вратив со гол, но тоа што е поважно е што победивме. Оваа победа е за нашиот претседател, на кого му е роденден“, вели Јаховиќ, кој беше стрелец на првиот гол и ја најави победата на својот тим.

Македонскиот интернационалец откри дека неговиот син има поинаква фудбалска желба од него. Наместо пред голот, да биде – на голот.

„Една од најголемите мои среќи е мојот син, а тој сака да биде – голман. Се надевам дека во иднина ќе биде добар голман Јаховиќ“, додава Адис.