Јаховиќ со клучна асистенција за победа на Гецтепе против Сиваспор

Македонскиот репрезентативен напаѓач Адис Јаховиќ со клучна асистенција на десет минути пред крајот му овозможи на Давид Тијаниќ да даде гол за Гецтепе да ја победи Сиваспор со 2-1 во 22-то коло во турската Суперлига.

Јаховиќ, кој се поврзува со трансфер во второлигашот Бурсаспор зимава, асистираше за многу важната победа на Гецтепе, после која овој клуб влезе во посигурната зона во борбата за опстанок и сега има 24 бода на 15-то место на табелата.

Македонскиот центарфор влезе во игра само три минути пред да асистира, а претходно Нуркан во 22-та донесе водство за Гецтепе, а Педро Енрике во 49-та израмни. Јаховиќ во новата 2022 година игра премалку, па на последните два меча вкупно има 28 минути на теренот, а еднаш остана само резерва.