Христијан Георгиевски во тимот на колото во словенечкото првенство

Двата прекрасни гола постигнати во дуелот против Домжале беа доволни Христијан Георгиевски да го добие првото признание откако настапува во дресот на Нафта.

Повремениот младински репрезентативец е избран во идеалната постава на шестото коло од словенечкото првенство, првпат откако пред нешто повеќе од еден месец го засили тимот од Лендава. Нафта славеше со 5-2 против Домжале, а еден од двата гола Георгиевски постигна од речиси половина терен.

Од неговиот тим во идеалната постава е избран и Салај кој беше стрелец на еден гол.