Тотален хаос се случи на финалето во Купот на Грција пред мечот Панатинаикос – ПАОК, во кој како и обично го главна улога беа грчките хулигани, поради кои мечот доцнеше повеќе од половина час.

Навивачите на ПАО скршија една од заштитните огради за да ја пробијат тампон-зоната на стадионот „ОАКА“ и да дојдат до ривалските навивачи, па полицијата мораше да интервенира. Во хаосот се користеше сѐ и сешто – од факли, каиши до противпожарни апарати.

Од друга страна, хулиганите од Солун запалија дел од столчињата на стадионот за да не останат должни и мирни во хаосот во грчката престолнина.