Господски потег на Гатузо: Ги наградил сите во Хајдук по ремито со Ријека

Џенаро Гатузо уште еднаш одлучи да ја покаже својата големина и го наградил целиот тим и стручниот штаб за ремито против Ријека.

Гатузо организирал вечера во еден сплитски ресторан на која присуствувале сите фудбалери, нивните партнерски, претседателот Иван Билиќ, спортскиот директор Фрасоа Витали, како и сите членови на стручниот штаб.

Ова не е првпат Гатузо на ваков начин да гради тимски дух и да ги мотивира фудбалерите бидејќи претходно по победата на „Максимир“ против Динамо на секој фудбалер му подари „Ајфон“.