Галата ја одбрани титулата во Турција: Фегули со ножички го најави славјето (ВИДЕО)

Турски Галатасарај стигна до 22-та шампионска титула во историјата, откако денеска го победи директниот конкурент Башахшехир со 2-1 за да ја одбрани круната од лани на едно коло до крајот на турската Суперлига.

Галата се најде во незавидна ситуација на полувреме, откако ривалот за круната имаше водство со 1-0 со погодокот на Ријад Бајиќ, а потоа следеше магичен пресврт за ерупција на стадионот на истанбулскиот великан. Фегули по еден корнер со мајсторија со ножички, откако прво погоди пречка израмни и донесе олеснување кај навивачите, а кога Башахшехир тргна на сè или ништо, Хенри Онјекуру погоди и вторпат во 64-та минута за голема победа вредна шампионска титула.