Фенербахче обвиен во црно: Почина преубавата водителка на клупската телевизија (ФОТО)

Фенербахче објави дека нивната 32-годишна водителка на клупската телевизија, Дилај Кемер починала. 

Целиот клуб е во жалост и веднаш се огласи преку социјалните мрежи.

„Никогаш нема да те заборавиме, како и твоето насмено лице“, напишаа од таборот на Фенербахче.

Кемер извесно време се бореше со рак, но нејзината состојба изминатите неколку недели се влошила па била примена во болница на интензивна нега. 32-годишната убавица не можеше да се избори со тешката болест.