
Етеми ја потврди добрата форма пред Малта - асистенција во поразот од Бешикташ (ВИДЕО)
Етеми асистираше во 70-та минута за да го врати Истанбул во мечот, но на крајот не успеаа да се изборат за бод откако домаќините ја заверија победата во третата минута од судиското надополнување со гол на Реднонд. Претходно Тосун и Абубакар двапати погодија во мрежата на Истанбул.
Македонскиот репрезентативец досега сезонава има 10 гола и четири асистенции во 23 меча во својата деби сезона во турската Суперлига. Лани во второлигашката конкуренција имаше седум гола и десет асистенции.
Истанбул со 24 бода оставува во тесната трка за опстанок, пласиран четврти одзади во моментов.
Асистенцијата може да ја видите на 3:50 минути од хајлајтсот од пресметката со Бешикташ.