Динамо одбил 3,8 милиони евра за Адеми, чека побогата понуда од француски прволигаш!

Хрватскиот првак Динамо Загреб одбил милионска понуда од францускиот прволигаш Лил за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, објави спортскиот весник „Спортске Новости“, потенцирајќи дека од „Максимир“ очекуваат побогата понуда од Франција за трансфер на фудбалерот за врска.

Динамо Загреб во следната недела го оечкува второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, а веќе на адреса на „модрите“ дошла понуда од 3,8 милиони евра за Адеми, но експресно била одбиена, затоа што Динамо нема намера веднаш да го продаде македонскиот репрезентативец. Од поодамна хрватските медиуми најавуваат дека Адеми, кој е еден од клучните игачи во средниот ред дека би можел да биде продаден.

Сега во Динамо очекуват далеку побогата понуда за евентуално го завршат трансферот и тоа по завршувањето на второто квалификациско коло, што би значело некаде на почетокот на август. Динамо се среќава со израелски Хапоел Бер Шева, па ако ја минат оваа пречка, тогаш би можеле да го продадат Адеми, со што би си отвориле простор за да најдат соодветна замена за него, што во моментов не би било можно од причина што „модрите“ се во завршни подготовки за дуелот со Израелците следната недела.