„Немој да ме жалите, имав убав живот“!

Легендарниот хрватски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ, кој неодамна призна дека ракот повторно му се вратил и сега ги зафатил коските и карлицата, порача дека ќе се бори до крај за да ја победи најтешката болест, но порача дека е подготвен да го напушти овој свет и дека никој не треба да жали по него.

На Блажевиќ уште пред една деценија му беше откриен карцином, прво на простатата, а потоа успеа во два наврати да ја победи тешката болест, но сега ракот повторно се појави и резултатите во последно време се алармантни.

„Кога некој ќе ви каже дека имате рак со метастази, прво помислувате дека сте готов. Ама, ку*ац, јас не се давам. Ќе се борам до крај со оваа тешка болест. Метастази ми се појавија на коските, а некој друг би кренал раце, но јас се борам до крај до победа. Немам неостварени желби, ама имам една молба до сите – да не ме жалат. Јас сум пред заминување. Секогаш имав убав живот, а од непријателите направив макар полупријатели, подоцна и пријатели. Горд сум на себе“, рече Блажевиќ.