Ц. Звезда беше банкротирана со минус од 60 милиони евра, а сега должи само – 1,5 милиони!

Пред само пет години поранешниот европски првак Црвена Звезда беше на чекор да стави катанец поради неверојатниот долг од 60 милиони евра, поради кои на српскиот гигант му се закануваше банкрот, но добрите настапи во Европа во последните три години и продажбата на низа фудбалери го спасија великанот од пропаст и го доведоа на само смешни 1,5 милиони евра долг.

Претседателот на Надзорниот одбор на Ц. Звезда, Драган Милошевиќ ги израдува навивачите дека клубот е донесен речиси пред позитивен биланс, после тешките години во кои на „Рајко Митиќ“ едвај се преживуваше, а сите се плашеа дека банкторот практично ќе го згасне клубот. Но, двата настапи во ЛШ и едно шеснаестинафинале во Лига Европа, заедно со продажба на низа фудбалери, пред се репрезентативецот Радоњиќ во Олимпик Марсеј за десет милиони евра, практично го исплатија севкупниот долг поради кој се закануваше пропаста на европскиот првак од 1991 година.

„Од тој долг во 2014 година кој го наследивме со сума од 60 милиони евра, сега должиме само уште еден ипол милион евра. Сето останато е регулирано и исплатено и во нив влегуваат остатокот од побарувањата на Горан Друлиќ од 800.000 евра, спогодба со еден бивш претседател од 100.000 евра и дел од даночниот долг кој беше пресметан во репрограмирањето на долговите од 2015 година“, вели Милошевиќ.

Но, Ц. Звезда колку сериозно заработи и ги врати наталожените долгови, скапиот тим и инфраструктурните инвестиции, наталожија нов на актуелната управа од 25 милиони евра, но тој долг ќе доспее за исплата дури од следната година.

„Реалниот паричен долг е околу 25 милиони евра, но најголемиот дел од обврските доспеваат дури во 2021 година, ама ако не вложувавме во инфраструктура, посебно во медико-блокот, долгот скоро и да не постоеше. Но, клуб како Ц. Звезда кој има потенцијал уште да расте мораше да преземе вакви инвестиции“, додаде Милошевиќ.