
Бугарскиот гигант Лудогорец ангажира Македонец за кондициски тренер!
Шејкероски има големо искуство во Бугарија, каде што работеше за Ботев Пловдив, Локо Пловдив, Септември Софија и Левски Софија, а работеше и во македонските екипи Академија Пандев, Работнички, Вардар и Металург.
„Мило ми е што ќе почнам да работам во голем клуб како Лудогорец. Верувам дека ќе помогнам во остварување на нови успеси на екипата“, кажа Шејкероски.