Бугарија забрани фудбал со публика поради коронавирусот

Во Бугарија се појавија четири случаи на заболени од коронавирусот, па властите веднаш реагираа и донесоа одлука фудбалските натпревари да се играат без присуство на публика. 

Нашиот источен сосед донесе одлука натпреварите да се играат без навивачи на неопределено време. Во Македонија тоа се случи уште пред две недели, поради едно заболено лице од коронавирусот.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов смета дека можеби и Олимписките игри во Токио ќе бидат одложени поради опасниот вирус.

„Ќе затвориме сè. Ако тоа го прави светот, убеден сум дека ќе бидат одложени и Олимписките игри во Токио исто така“, рече Борисов.