Бомба од Островот: Манчестер јунајтед тргнува по Елиф Елмас! (ФОТО)

Најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед тргнува по макеоднскиот бисер Елиф Елмас, објавија англиски медиуми, повикувајќи се на информации од таборот на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат Елмас, но англискиот великан не беше посочуван во последно време како клуб кој е во кругот на најзаинтересираните клубови, а според информациите скаутите на Јунајтед постојано ги следат игрите на фудбалерот за врска на Фенербахче.

Елмас веќе подолго време е во центар на вниманието и еден куп европски гиганти кои се заинтересирани за македонскиот бисер – од Интер, Атлетико Мадрид, Севилја, Лацио, Борусија Дортмунд до Манчестер сити. Јунајтед планира сериозна реконструкција на тимот опо очајната сезона, а „ѓаволите“ сега се надеваат дека со добра и богата понуда ќе успеат да ги убедат Турците да им го продадат и со тоа да ги победат своите градски ривали Манчестер сити, кои исто така покажуваат интерес за Елмас.

„Елмас е еден од најголемите европски таленти и веќе цела година многу клубови се заинтересирани и го следат овој фудбалер, пред се Борусија Дортмунд и Манчестер сити. Фенербахче има еден куп понуди за Елмас, после разочарувачката сезона, а според информациите се подготвува понуда која практично ќе им го 'украде' на своите локални ривали“, пишува англискиот медиум.

Јунајтед бара засилувања за средниот ред сооглед на заминувањето на Андер Ерера во ПСЖ и се поизвесното заминување на Пол Погба во Реал Мадрид. Елмас е член на Фенербахче од август 2017 година и има договор во Истанбул до 2023 година. Во Турција замина за 180.000 евра трениг-компензација, а Фенербахче сега бара најмалку 20 милиони за да го продаде.