Бојко пак се огласи: Не дозволувам местење на натпревари и на судии!

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов се огласи по оставката на првиот човек на Фудбалската федерација, Борислав Михајлов по вчерашните случувања на мечот меѓу нашиот сосед и Англија.

Борисов смета дека работа на Фудбалскиот сојуз е да се спречуваат вакви инциденти како расистичките и нацистичките скандирања од страна на навивачите.

„Тоа е работа на Сојузот. Јас кажав дека треба да се спречат некои работи, а не реков дека се мешаме во работата на фудбалскиот сојуз“, вели Борисов.

Премиерот на соседна Бугарија имаше и коментар за потенцијални наместени натпревари во нивната држава/

„Тоа што се прави на територијата, а што не е според законите, како договарањето на натпревари или судии за натпреварите, ние нема да го толерираме. Тоа е работа на полицијата“, вели Борисов.

Борисов имаше коментар и за англиските медиуми, за кои смета дека претерале со нивните обвинувања кон Бугарија.

„Се срамиме од постапките на тие луѓе, но нема да дозволам англиските медиуми да коментираат на таков начин за цела Бугарија. Во нашиот сојуз со сигурност има повеќе црномурести фудбалери, отколку на Островот. Во нашиот национален тим имаше тројца такви фудбалери. Ние апсолутно сите ги почитуваме и никогаш не сме биле расисти“, вели Борисов.