Бојко Борисов побара и доби - Михајлов поднесе оставка од функцијата претседател на БФМ!

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов побара од првиот човек на Фудбалската федерација, Борислав Михајлов да си даде оставка по синоќешните случувања на дуелот против Англија.

Фудбалската репрезентација на Англија убедливо ја победи Бугарија со 6-0 во рамки на квалификациите за Евро 2020, а мечот остана запаметен по големите расистички и нацистички повици од трибините, но и по оставката на претседателот на Фудбалската федерација.

Заминувам за доброто на фудбалот, со цел да се избегнат уште поголеми тензии, прокоментира Михајлов, чија оставка треба да биде прифатена на состанокот закажан за петок.

„Ројетс“ објави дека навивачите на Бугарија освен расистичките навреди, користеле и нацистички поздрав.

Тоа е неприфатливо за Бугарија, која е една од најтолерантните држави во светот. Не смее да се поврзуваме со вакви расистички навреди, истакна Борисов.