Бивша легенда на Југославија ќе биде нов тренер на Партизан!?

Тренерот Илија Столица си замина од Партизан по лошиот старт на сезоната во домашниот шампионат, но и неуспехот на европска сцена, па српски „Телеграф“ објави дека негов наследник ќе биде поранешната легенда на Југославија, Саво Милошевиќ.

Милошевиќ повторно ќе седне на кормилото на „црно-белите“ од Белград и ќе има задача да го врати тимот во битка за врвот во српскиот шампионат.

Пред поранешниот напаѓач на Партизан, Астон вила, Парма и уште неколку познати тимови е тешка мисија бидејќи „црно-белите“ по четири кола имаат две ремија, еден пораз и една победа.

Милошевиќ ја почна кариерата во Партизан, по што се пресели во Астон вила и почна неговата европска авантура, а стави крај во Рубин Казан, при што одигра 476 меча и постигна 197 гола, додека во репрезентативната кариера има 102 настапи и 37 погодоци.

Како тренер нема многу искуство бидејќи работеше како асистент во селекцијата на Црна Гора, по што го предводеше Партизан во 2019/20, како и Олимпија од Љубљана во 2021 година.