Балканско лудило: Фудбалери на хрватски тим ограбени за време на тренинг!

Екипата на Локомотива од Загреб ги продолжува возбудувањата во првенството, а во минатите денови им се случила несекојдневна ситуација, кога за време на еден тренинг непознати сторители ги ограбиле.

Камерите во тренинг-центарот не биле вклучени и не била снимена кражбата, а исчезнале околу 1.500 евра.

„Фудбалерите имаа тренинг, а кога се вратиле во соблекувалната забележале дека им ги нема парите. Ограбени се неколку играчи, а им земале околу 1.500 евра“, откриваат од клубот.