
Аврамовски после скоро година со забележителен ефект – асистира во победа на Сараево!
Аврамовски, екс-фудбалерот на Работнички, Ц. Звезда, Вардар имаше низа проблеми со повредите откако дојде во Сараево, кога го донесе Александар Васоски, а денеска доби шанса да ги игра последните 13 минути од мечот и пет минути по влегувањето му асистираше на Зиљкиќ за трет гол на сараевчани и запечатување на победата.
Екс-македонскиот репрезентативец, кој беше дел и од „златната младинска генерација“ од почеток на пролетниот дел во првенството на БИХ добива шанса, но со само еден меч како стартер, па оваа асистенција сега е дополнителен мотив и најава за многу подобри мечеви.
Последен пат кога Аврамовски даде гол или асистираше за Сараево беше на 10 април лани против Приједор во победата со 6-0 во босанската Премиерлига.