Аврамовски официјално промовиран во Кајзери – ќе игра три години

Македонскиот репрезентативец и доскорешен член на шампионот Вардар, Даниел Аврамовски и официјално денеска беше промовиран во турски Кајзериспор, каде потпиша уште пред скоро еден месец и веќе тренира со новиот клуб.

Кајзери денеска ги промовираше сите свои летни засилувања, меѓу кои и Аврамовски, кој потпиша тригодишен договор со турскиот клуб и доаѓа бесплатно после распадот на скоро целиот шампионски состав на црвено-црните.

Аврамовски е македонски репрезентативец, но за двата воведни меча во Лигата на нации со Ерменија (2-1) и Грузија (1-1) не беше во конкуренција, зашто отпадна од списокот поради повредата која ја имаше.

Тој во Вардар дојде во јануари 2019 година и беше лидер на тимот, лански најдобар стрелец со 10 гола до прекинот на сезоната, а претходно играше за Работнички, белградска Црвена Звезда, новосадска Војводина, како и за љубљанска Олимпија.