Ашковски експлодира за новиот клуб: Два гола на бившиот репрезентативец за Ботосани (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ашковски збесна вечерва за романски Ботосани, каде дојде летово по настапите во минатата сезона за Славија Софија и со два гола му обезбеди реми на својот тим против Волунтари во најсилната лига во Романија.

Ашковски, кој е дете на Вардар, уште какомладинец замина во Партизан, но не доби многу шанса да игра во црно-белиот дрес, па најчесто беше позајмуван (играше и за Шкендија), а имаше фантастична сезона во Холандија, во Фортуна Ситард со која стигна до холандската елита, но потоа си замина во Бугарија. Ашковски беше лев бек, но во последните неколку години игра како лево крило и сега повторно покажа дека треба сериозно да се следи неговата форма.

Вечерва погоди во 27-та минута за да израмни на 1-1, а потоа во 81-та за да донесе бод за својот тим.