Ангелов: Стрпливо чекам шанса во Широки!

Поранешниот македонски младински репрезентативец Виктор Ангелов, членот на „златната генерација“ од 2017 година летово се пресели во босански Широки бријег, како засилување за нападот, но не добива премногу шанса за да игра откако направи трансфер пред крајот на преодниот рок во овој клуб.

Ангелов, кој е поранешен фудбалер на Металург и Работнички, како и на унгарски Ујпешт има едвај 90 минути во два меча во првенството, како и настап во Купот на БиХ, каде даде два гола и имаше една асистенција, што е премалку за него.

„Вредно работам и трпеливо чекам шанса. Јас сум убеден дека ќе дојде таа шанса. На стручниот штаб е да го избере најдобриот тим, а јас трпеливо чекам. Подготвен сум да му помогнам на тимот“, вели Ангелов.

Широки в недела го очекува дерби на „Грбавица“ во Сараево против Железничар.