Алтипармаковски две години во бугарски Пирин

Поранешниот младински македонски репрезентативец Марјан Алтипармаковски (28) е нов фудбалер на Пирин од Благоевград откако потпишал двегодишен договор со овој клуб, објави бугарскиот тим, кој е член на Втората лига кај источниот сосед.

Алтипармаковски доаѓа во Благоевград да го засили клубот во обидот да стиген повторно во бугарската елита. Пирин моментно е петопласиран со 11 бода од седум кола, четири зад третопласираниот Локомотив Софија, а дури десет зад лидерите ЦСКА 1948 и Септември.

Битолчанецот е поранешен фудбалер на Пелистер, кој играше и во грчки Ксанти, потоа Панелијакос, а потоа мина две години во скопски Работнички, од каде направи трансфер во Интер Запрешиќ, литванска Судува, а последни два клуба му беа Сарајево и Лачи.