АЕЛ Лимасол чека Ристевски да го раскине договорот, па да дојде - бесплатно!

Кипарски АЕЛ Лимасол кој е силно заинтересирана за да го донесе македонскиот репрезентативец Кире Ристевски, актуелен член на унгарски Ујпешт, чека спогодбен ракин на договорот на дефанзивецот за да го донесе бесплатно во своите редови, најавија кипарски и унгарски медиуми.

Ристевски, кој во 2018 година од Вашаш се пресели во Ујпешт има договор со актуелниот клуб до лето годинава, но поради финансиската криза предизвикана од оваа пандемија со коронавирус, клубот решил да ги намалува платите и тоа бил адутот со кој македонскиот дефанзивец треба да договори спогодбен раскин на договорот и така да си го отвори патот кон трансфер на Кипар.

Тренерот на АЕЛ, Душан Керкез во Ристевски гледа одлично засилување за одбраната, но Кипарците воопшто нема да влезат во преговори ни за минимална отштета да го земат. Оставено е стоперот, кој може да игра и како лев бек, да ги заврши сите процедури со договорот и со чисти документи потоа да дојде во тимот.

Член на АЕЛ е младинскиот репрезентативец Давор Здравковски, а ако Ристевски се пресели на Кипар, македонската колонија ќе стане уште побројна зашто таму веќе играат Иван Тричковски, Стефан Спировски, Даниел Мојсов (АЕК Ларнака), Дамјан Шишковски, Душко Трајчевски, Дарко Глишиќ (Докса), Филип Гачевски (Енозис), Мартин Богатинов, Јован Костовски (Етникос Ахна)...