Адеми и Динамо го совладаа Хајдук во вечното дерби

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја носеше капитенската лента во победата на Динамо Загреб против вечниот ривал Хајдук со 2-1 во четвртото коло во хрватското првенство.

Водство за екипата од Загреб донесе Кастрати во 42. минута, по асистенција на Орсиќ, а Хајдук иако беше за нијанса подобар противник, сепак не успеа да стрела во првото полувреме.

Орсиќ на стартот на вториот дел погоди и за водство од 2-0 на Динамо, по што Хајдук го ублажи поразот во 88. минута со голот на Јуриќ.

Динамо има четири победи по четири одиграни меча, додека Хајдук има два триумфи и по еден пораз и реми.