Јужна Кореја го освои првиот златен медал на ЗОИ

Јужнокореецот Лим Хиојун успеа да го освои првиот златен медал на овогодинешните ЗОИ за домаќинот, во финалето на 1500 метри во брзо лизгање, а тоа предизвика големо воодушевување кај публиката.

Сребрениот медал го освои Сјинки Кнегт од Холандија, додека бронзата заврши кај Семен Елистратов, кој стана првиот Русин што освоил медал на овие игри.

Русија беше суспендирана од ЗОИ поради големиот допинг скандал, но Елистратов е помеѓу 168 натпреварувачи, на кои им е дозволени да се натпреваруваат како „Олимписки спортисти од Русија“.

Мора да кажеме дека бранителот на титулата, Чарлс Хамелин од Канада доби казна и поради тоа остана без пласман во финалето.