Страшно: Силниот град ги направи партали велосипедистите на трка во Франција (ВИДЕО)

Белгискиот велосипедист Тим Деклерк на социјалните мрежи објави фотографии од повредите добиени од силниот град што паѓал врз него и врз неговите колеги за време на втората етапа на „Критериум ду Дофин“ трката во Франција.

Тој има огромен број модринки на грбот, кои делуваат стравично. Велосипедистите го искачуваа врвот „Кол ду Порт“, а иако врнело во текот на целата етапа, најмногу настрадале тие кои завршија далеку од главната група, како Деклерк и Максим Шевалие, кои добиле страшни модринки на грбот.