
Бизарно: Словенечки велосипедист ја промаши целта, но на крајот пак – победи!
Тој делницата од 10 километри со едно категоризирано искачување ја помина за 12 минути и 34 секунди. Словенецот можеше да постави подобро време, но на последната кривина наместо да сврти кон целта, тргна кон сервисот и мораше да застане и да се врати, а при тој маневар загуби десет секунди. Но, ниту тоа не го спречи да ја прослави првата победа во дресот на германскиот тим Бора-хансгрое, во кој дојде оваа сезона од холандската Висма, каде што ги постигна сите свои најголеми успеси во текот на осум годишен период, станувајќи трикратен победник на шпанската Вуелта и победник на ланското издание на италијанското Џиро.
За Роглич ова е 81. професионална победа во кариерата и петта етапна победа на трката низ Баскија, каде што беше двапати севкупен победник (2018 и 2021 година). Интересно, сите пет етапни победи ги постигна Роглич на индивидуалниот хронометар.