Зверев го чека пекол: Ја тепал девојка му поради „лајкови“ на Инстаграм!?

Еден од најдобрите тенисери во светот, Александер Зверев се соочува со сериозни обвиненија од неговата поранешна девојка, која тврди дека трпела физичко насилство од Германецот.

Откако Судот реши Зверев да плати 450.000 евра на поранешната девојка, во Германија се појави нејзино интервју во кое беа откриени детали од нивниот однос, но и од судскиот спор кој се водеше претходно.

„Зверев е љубоморен човек. Постојано ми го проверуваше телефонот. Понекогаш се каравме поради ‘погрешен лајк’ на Инстаграм, а неговиот гнев често се претвораше во физичко насилство“, открила Бренда во интервјуто.